Тројца членови од бендот ДНК жртви на пожарот во Кочани, меѓу нив и пејачот Андреј
– Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот. Животот го загубија и Александар Ефремов, фотограф на бендот ДНК, како и вонр. проф. м-р Сара Пројковска, која во бендот беше придружен вокал.
На социјалните медиуми колегите се простуваат од загинатите.
И од Факултетот за музичка уметност изразија сочувство за смртта на Сара Пројковска.
-Со длабока жалост и неверица Ве известуваме дека нашата колешка, вонр.проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика,лавица и добрица.., стои во објавата на Фејсбук.