Тројца доктори вратија 25 илјади евра во буџетот, оти им биле натплатени

Тројца доктори вратиле 1,5 милиони денари односно 25 илјади евра во буџетот на јавните здравствени установи каде работат, затоа што парите им биле неправилно пресметани на платата, односно сумите им биле натплатени, информираше денеска директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски.

Тој не ги откри докторите ниту јавните здравствени установи кај кои што биле констатирани ваквите неправилности. Но, докторот за кој премиерот Христијан Мицкоски зборуваше дека работи со „еликсир“ односно заработил 12 илјади евра за еден месец не е меѓу тие што ќе враќаат пари. „Слободен печат“ дознава дека тој 12-те илјади евра ги заработил со дополнителна дејност со оглед на тоа што работи исклучително дефицитарна гранка во македонското здравство.

повеќе

Back to top button
Close