Тројца „фаворити“ за напуштање на Јувентус по смената на тренерот

 Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло, ги поставил приоритетите за трансфери.

Како што информираше италијанскиот новинар Николо Шира на Твитер, поранешниот фудбалер на „старата дама“ нема да се потпира на Сами Кедира, Даглас Коста и Гонзало Игуаин.

Неговата желба е да привлече напаѓач и играч од средниот ред.

Исто така се наведува дека меѓу приоритетите на клубот е нов договор со Пауло Дибала. Аргентинскиот напаѓач сака да заработува 15 милиони евра годишно, Јуве му нуди 10 милиони + бонуси.

Ако страните се согласат, договорот ќе биде продолжен до летото 2025 година.

Вчера, Пирло го замени Маурицио Сари за главен тренер.

Back to top button
Close