Тројца фудбалери го напуштаат Вест Хем

 Тројца фудбалери ќе го напуштат Вест Хем на крајот на сезоната, откако одбија да потпишат нови договори, изјави англискиот елитен клуб. Тоа се 19-годишниот дефанзивец Џереми Нгакија, аргентинскиот дефанзивец Пабло Сабалета и колумбискиот халф Карлос Санчез.

Тинејџерот на „чеканите“ Нгакија го направи своето деби во првиот тим во поразот од 0: 2 од Ливерпул во јануари.

Триесет и пет-годишниот Сабалета има 80 натпревари за лондонскиот тим по неговиот трансфер од Манчестер Сити пред три сезони.

За две сезони, 34-годишниот Санчез одигра само 18 натпревари во дресот на „чеканите“.

Договорите на триото со Вест Хем истекуваат на 30 јуни.

На седум кола пред крајот на првенството, тимот од Лондон го зазема 17-тото место во пласманот со само 27 поени.

Back to top button
Close