Тројца кичевци од фудбалскиот клуб „Ренова“ од Тетово се негативни на коронавирусот

– Тројца кичевци од фудбалскиот клуб „Ренова“ од Тетово се негативни на тестот за коронавирусот, информира тренерот од Кичево ангажиран во овој клуб Бехар Укали.

– Нашите семејства, пријатели и сограѓани, по многу телефонски повици и искажаната загриженост по повод потврдата на позитивни случаи со Ковид-19 во фудбалскиот клуб „Ренова“, дозволете ми да ве известам дека јас Бехар Укали, Валон Незири и Флоријан Кадриу сме негативни и според препораките од надлежните остануваме изолирани и сме во добра здравствена состојба, вели тренерот Бехар Укали.

Back to top button
Close