Тројца кумановци возеле под дејство на алкохол, полицијата ќе им поднесе кривични пријави

Тројца кумановци возеле под дејство на алкохол, полицијата ќе им поднесе пријави, соопшти денеска СВР Куманово.

Како што наведува полицијата, првиот возач на „опел“ бил сопрен вчера во 22:19 часот на магистралниот пат А2 во Куманово.

-Полициските службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода М.П.(40) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,57 промили алкохол во крвта, соопшти полицијата.

Ноќва во 01:39 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.М.(34) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, тие сопреле возило „пежо“, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,54 промили алкохол во крвта.

Ноќва во 01:27 часот на улица „100“ во Куманово од слобода е лишен и Ј.Т.(58) од Куманово, за кој по извршени проверки констатирано е дека управувал возило „пежо“ со 2.66 промили алкохол во организмот.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Back to top button
Close