Тројца Македонци лепеле налепници на кирилица во Цавтат и завршија во затвор!


Тројца македонски државјани се во притвор откако ее осомничени за кривично дело оштетување туѓ имот извршено минатата недела во областа Цавтат, соопшти денеска хрватската полиција.
По претходно добиени пријави, службениците на граничната полициска станица Груда утврдиле дека во областа Цавтат сообраќајни знаци, патокази, корпи за отпадоци и информативни табли биле излепени со различни налепници со содржина на кирилица, до степен до кој ја изгубиле својата намена.
Истиот ден кога полицијата ја примила пријавата, биле приведени двајца државјани на Северна Македонија, додека третиот осомничен бил приведен следниот ден, односно во саботата, на 30 мај, на аеродромот.
Станува збор за лица на возраст од 23, 25 и 26 години кои имаат дозвола за престој во Хрватска.

Back to top button
Close