Тројца наши лекари се очекува да се вклучат во тимот за обдукција на загинатите во автобуската несреќа

Село Боснек (23 ноември 2021) При тежък пътен инцидент с автобус загинаха 46 човека. Произшествието е станало на магистрала “Струма” малко след 2.00 ч. тази нощ, близо до село Боснек. Жертвите са чужди граждани, а автобусът е пътувал в посока към Република Северна Македония. Седем души са спасени и са откарани в “Пирогов”.
Пресфото – БТА снимка: Минко Чернев (ЕД)

 

 Тројца лекари од Институтот за судска медицина во Скопје се очекува утре да се приклучат на експертскиот тим во Софија кој ќе врши обдукција и идентификација на телата на загинатите македонски државјани во автобуската несреќа во Бугарија.

Како што соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи, нашите тројца експерти се веќе во Софија со цел да помогнат за побрзо завршување на обдукцијата. По известување од министерот за здравство и укажување од неговиот бугарски колега дека за нивен ангажман ќе биде потребна официјална нота од македонска страна преку бугарското МНР до Обвинителството во Софија, тоа е, вели Османи, направено. Попладнево нотата е испратена со барање тројцата експерти на Институтот за судска медицина во Скопје да бидат дел од експертскиот тим за обдукција и идентификација на телата.

– Тоа барање е упатено конечно до Обвинителството, процедура која сепак според бугарските власти треба да се почитува и очекувам во текот на утрешниот ден Обвинителството да го одобри нивното вклучување во процесот на идентификација, рече Османи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Back to top button
Close