Тројца пациенти од Штип се носат на клиниките во Скопје

 

Тројца пациенти хоспитализирани во болницата во Штип по пожарот во Кочани вечерва со возила на Итната медицинска помош се носат на клиниките во Скопје, јави дописникот на МИА.

Директорот на Клиничката болница во Штип Втадо Захариев денеска во изјава за медиумите рече дека во болницата се сместени 39 пациенти главно со изгореници од втор степен. Биле донесени и седум починати лица.

Back to top button
Close