Тројца полицајци се повредени, со службен „Крајслер“ се судриле со „Опел“ во Скопје

Вчера попладнето, тројца полицајци, кои се возеле во службен „Крајслер“, се судриле со автомобил „Опел“ во Скопје, при што се повредени и пренесени во болница, соопшти МВР.

„На 12.07.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кружен тек од бул.„Партизански одреди“, ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Ацо Шопов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(29) од Скопје и патничко возило „крајслер“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник В.И.(35) од с.Бањане, скопско. Во несреќата со телесни повреди се здобил В.И. и неговите сопатници А.С.(28) и 26-годишната И.Б., двајцата од Скопје (сите полициски службеници), констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од екипа од СВР Скопје“, пишува во полициското соопштение.

Back to top button
Close