Тројца приведени кај Блаце за криумчарење стока од Косово, одземени две возила

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, синоќа околу 23:00 часот, постапувајќи по Оперативниот план за спречување, откривање и фаќање лица кои вршат криумчарење преку државната граница, на подрачјето на село Блаце, поточно на граничната линија меѓу Блаце и Хани Елезит, ги лишиле од слобода Н.Б. (27), Х.Б. (26) и Е.Џ. (21), сите од село Блаце.

Според МВР,  лицата биле затекнати додека товарале криумчарена стока, нелегално внесена од Косово, во товарно возило „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „хјундаи“ без регистарски ознаки.

Возилата и стоката се одземени, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Фото: МВР

Back to top button
Close