Тројца приведени на нива со сто стебла канабис сатива

-Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 18 часот, ги лишиле од слобода А.Ш. (24), Р.К.(30) и И.Т. (26), тројцата од Скопје, кои биле затекнати во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на реката Вардар, каде се сомничат дека одгледувале „канабис сатива“. На таа локација се откриени околу 100 стебла-насади „канабис сатива“, дел засадени во земја, а дел во саксии.

-Пронајдениот „канабис“ и повеќе други предмети се фотодокументирани и подигнати за вештачење. Трите лица, во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, задржани се во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на денот тројцата бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.

Back to top button
Close