Тројца уапсени поради уривање на жичарницата во северна Италија

Уапсен директорот на Геронтолошкиот центар во Ниш - МИА

– Италијанската полиција уапси три лица под сомнение дека се виновни за уривање на жичарницата во близина на езерото Маџоре.

Во несреќата во неделата загинаа 14 лица, а единствениот преживеан е петгодишно момче, кое е во болница и се уште е во животна опасност.

Истрагата покажа дека кабината била неисправна на почетокот на мај и дека директорите се јавиле во компанијата што требало да го поправи дефектот на безбедносната сопирачка. Дефектот, сепак, не бил отстранет, а кабината е оставена да функционира со надеж дека главниот, потпорен кабел нема да пукне и дека нема да има потреба од безбедносна сопирачка.

По 12-часовно испрашување, уапсен е сопственикот на компанијата што управувала со жичарницата, како и извршниот и техничкиот директор. Според полицијата, истрагата продолжува, а можно е да бидат приведени и други луѓе.

Back to top button
Close