Тројца војници убиени во југозападен Пакистан

– Најмалку тројца војници загинаа, а осуммина други се повредени во синоќешниот напад на милитантите во југозападен Пакистан, соопшти војската, пренесе ДПА.

Терористите нападнале група безбедносни сили кои вршеле рутинска патрола во областа Пангор, во провинцијата Балочистан, се наведува во соопштението на Оделот  за односи со јавноста на пакистанската армија  (ИСПР)

Повреден офицер е однесен во воената болница во Квета, каде во критична состојба се пренесени уште пет војници.

Досега ниту една милитантна група не ја презеде одговорноста за нападот, додава германската агенција.

Нападот доаѓа откако четворица војници во неделата беа убиени во судир со милитантите во северозападниот племенски регион, во близина на границата со Авганистан. Во судирот загинаа и четворица терористи, наведе армијата.

Балочистан, која граничи со Авганистан и Иран, е најголемата и најнестабилна провинција во Пакистан. сд/

Back to top button
Close