Тројца возачи возеле во алхолизирана состојба на патитштата на истокот
Тројца возачи возеле во пијана состојба на патиштата во источниот регион, покажа акциската контрола на полициските службеници.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека за време на викендот од страна на полициски службеници од Полицските станици Штип, Кочани и Пробиштип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
– Алкотестирани биле вкупно 56 возачи, при што кај три возачи, од кои двајца од Штип и еден од Кочани било утврдено присуство на алкохол. Сите тројца возачи биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и издадени им се записници за констатиран прекршок. Санкционирани се и 27 останати прекршоци, се вели во соопштението од СВР-Штип.
Во него се наведува дека од 21 до 24 август на ниво на СВР Штип по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирарни се 69 прекршоци.