Трогателен потег на кралот Чарлс по операцијата на Кејт: Облекол бањарка и куцајќи дошол да ја утеши

Кралот Чарлс облекол бањарка и со куцање полека стигнал во болничката соба на својата снаа Кејт Мидлтон за да ја утеши по операцијата, бидејќи и двајцата закрепнуваале во истата клиника во Лондон.

Британскиот монарх и принцезата од Велс во јануари беа хоспитализирани во престижна клиника во северен Лондон.

Упатени извори за Sunday Time откриле дека кралот Чарлс, кој беше опериран поради зголемена простата, бил виден како нестабилно оди, малку куца, од болничкиот кревет низ ходникот до собата на Кејт Мидлтон за да ја види и да провери како се чувствува. Овој чин ги разнежни Британците, кои на социјалните мрежи многу емотивно го коментираа потегот на Чарлс, тврдејќи дека тој е лојален и приврзан свекор.

Во тоа време, принцезата од Велс беше подложена на комплицирана операција на абдоменот и се сметаше дека добро закрепнува, но постоперативните тестови откриле знаци на рак

“Додека беа заедно во болница, тој често доаѓаше од својата соба во нејзината за да поминат малку време заедно. Секогаш ја охрабруваше и ја поддржуваше. Кралот отсекогаш имал близок, топол и уникатен однос со принцезата. Таа негува длабока почит кон него и неговата позиција“, изјави за Тајмс извор близок до семејството.

Друг инсајдер пак открил дека Чарлс и Кејт отсекогаш биле блиски, но таа блискост сега е уште поизразена и дека болеста со која се соочуваат и двајцата ја зајакнала нивната врска.

Во саботата вечерта беше откриено и дека кралот и принцезата ручале заедно еден ден пред таа да му ја открие дијагнозата на светот. Ручекот се одржал во замокот Виндзор, а таму биле само Кејт и Чарлс, без другите членови на семејството

„Долго разговара. Само неколку недели претходно кралот започна со лекување и ја сподели со јавноста неговата дијагноза“, рече изворот.

Кралот наводно бил многу емотивен по ручекот, бидејќи Кејт ја чувствувал блиска како своја ќерка, пренесува „Дејли мејл“.

Back to top button
Close