Трпеноски за Телма: Секој исклучок од правото носи правна нестабилност

Државната комисија за спречување корупција гледа многу можности за злоупотреби и има сериозни забелешки за предложените законски измени, според владата, неопходни за изградбата на коридорите 8 и 10д. Како клучен се наметна законот за работни односи каде измените предвидуваат дополнителни работни часови за работниците на Коридорот 8.

„Тука има голем простор за ризик од корупција, секој исклучот од правото носи правна нестабилност. Сега, одлуките на уставниот суд се конечни и не се коментираат, но секој исклучок од правото, не само за овој случај, има и други исклучоци кои што се направени е многу опасно. Тоа носи правна нестабилност, селективна примена на правото од било која власт, и тоа е една од главните причини во македонија да дојдат сериозни инвеститори, не во слободните зони, бидејќи нема правна сигурност. Тој што сака да инвестира 20, 30, 50 милиони евра му треба одреден период на правна сигурност, изјави  антикорупцонерот Трпеноски во Топ тема на Телма ТВ.

Опозицијата обвинува дека Владата се обврза да го смени законот и во спротивно дека ќе плаќа пенали тешки над 150 милиони евра.

Прашањето е како Артан гГуби и Ковачевски се дрзнале да договараат нешто што не е во рамки на нивните надлежности, затоа што правото да донесуваат закони припаѓа на пратениците кои што се избрани. Како можат тие да даваат обврски , односно да се обврзуваат на нешто кое што не зависи од нив, критикуваше Лефков.

 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ инсистира дека владата со својот демант всушност ги потврдува обвинувањата дека во договорот се предвидени големи пенали за Македонија, доколку во предвидениот рок не бидат усвоени законските измени.

Пратеникот од ВМРО-НП, Љупчо Балковски смета дека овие предлог закони, а особено предлогот за измени во Законот за работни односи, се во спротивност со европското право.

„Влегуваме и во правни нејасностии затоа што овие предлог закони што сега ги носиме, што ќе се усвојат, јас сепак верувам дека нема да се усвојат, не треба да се усвојат од самата влада, меѓутоа ако се усвојат, ние како држава треба пред европското законодавство да кажеме зошто ги имаме донесено овие закони, зошто правиме измена на законите кои што сигурно, овие 8 закони на кои што правеиме сега измена, сигурно биле донесени во консултација со ЕУ, рече Балковски.

Back to top button
Close