ТРУДНИ ТРУДНИЦИ

Реалноста оди од еден до друг екстрем.

Во Велес една странска компанија, чии газди се велешани, традиционално пред Велигден бесплатно делеше јајца. Мораше да интервенира полицијата зашто граѓаните ќе се истепаа. За еден час бесплатно беа поделени 2.000 табли јајца.

Минатиот октомври, за време на традиционалната Велешка питијада, за малку ќе станеше тепачка за џиновската пастрмајлија долга над четири, а широка над еден метар.

Во истиот тој Велес минатиот месец, седум дена пред отварањето на театарскиот фестивал 5РЕ посветен на Петре Прличко, велешани дојдоа во 9 сабајле пред отварање на билетарата и трпеливо чекаа во ред да си купат билети за претставите.

Тоа се двата контрасти на еден ист град. Тоа се двата двата контрасти на Македонија.

А, како што гледаме, и двата контрасти на светот. Цивилизацијата што ја освојува вселената. И цивилизацијата што уништува цивилизација.

4Впрочем, ние тука живееме меѓу два екстрема. Како ли е секој ден да живееш со умислата дека си центар на светот, а истовремено, секој ден да се плашиш дека ќе те снема?

Не знам за другите во светот, ама нам Македонците не ни е баш лесно.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК.МК

Back to top button
Close