Трудо: Канада е целосно фокусирана на тоа да се погрижи САД да не ја исполнат заканата за воведување царини
Канада е целосно фокусирана на тоа да се погрижи САД да не ја исполнат заканата дека ќе воведат царини за канадски увозни производи, изјави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо.
„Ако некогаш и бидат наметнати царини на Канада, нашиот одговор ќе биде итен и силен, но ние не го сакаме тоа. Ќе работиме за да бидеме сигурни дека тие нема да се појават“, рече тој на прес-конференција во Монтреал.
Одлуката за воведување царини од 25 отсто за увоз од Канада и Мексико беше суспендирана на 30 дена на почетокот на февруари и ќе стапи на сила до првата недела од март.