Трудо: Канадско-американската граница останува затворена до 21 јули

 Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска објави дека Канада и САД се согласиле да ги продолжат рестриктивните гранични мерки за уште 30 дена, до 21 јули.

– Тоа е одлука која ќе ги заштити луѓето од двете страни на границата, додека ние ја продолжуваме борбата против Ковид-19, посочи Трудо.

Канадско-американската граница требаше да биде отворена во април, но досега двапати се продолжени граничните мерки и пред најновата одлука важеа до 21 јуни.

Back to top button
Close