ТТК банка го потврди хакерскиот напад, немале последици врз системот

Интернет страницата на ТТК банка синоќа беше на мета на грчки хакери од групата „Моќна грчка армија“, но обидот за упад поминал без последици по компанијата.

-Благодарение на ефикасната заштита на системот и брзата реакција, интернет страницата по краток прекин, брзо беше вратена во функција и беше повторно достапна. Нема последици од нападот. Случајот е пријавен во МВР, соопшти утрово ТТК банка.

 

Хакерите од „Моќна грчка армија” вчера објави дека извршиле упади во неколку македонски банки: ТТК Банка, Централната кооперативна банка, УНИ банка, Прокредит банка, Стопанска банка АД Битола, Шпаркасе, Комерцијална и други.

 

Претходно, истите хакери се пофалија дек ги хакирале сајтовите на Народната банка, Министерството за образование и наука (МОН), Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана, што беше демантирани од овие институции.

Грчките хакери се заканија и дека „ќе ја збришат Македонија од интернет просторот“.

 

 

Back to top button
Close