Тухел и Де Зерби главни кандидати за тренерската позиција во Манчестер јунајтед

Раководството на Манчестер јунајтед ги разгледува Томас Тухел и Роберто Де Зерби како водечки кандидати за нов главен тренер на тимот.

Според авторитетниот инсајдер Дејвид Орнштајн од „Атлетик“,  овие двајца фудбалски стручњаци се фаворити да го заменат Рубен Аморим доколку Манчестер јунајтед одлучи да го одложи назначување до лето.

На 5 јануари, „Црвените ѓаволи“ го отпуштија Аморим, кој беше во клубот од ноември 2024 година.

Тухел е селектор на Англија од јануари 2025 година, а Де Зерби го тренира Марсеј од летото 2024 година.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close