Тунберг изрази незадоволство од договорот на лидерите на ЕУ

 Шведската активистка за животна средина, Грета Тунберг, денеска го изрази своето незадоволство од договорот постигнат од лидерите на ЕУ за планот за обновување на нивните економии, кажувајќи дека сето тоа се само убави зборови, но дека климатската криза се уште не се третира како криза.

“Како што и се очекуваше, договорот на ЕУ резултираше со убави зборови, некои нејасни далечни нецелосни климатски цели што се речиси невозможни за следење и со целосно негирање на климските вонредни ситуации. Се додека ние продолжиме да ја играме нивната игра, се што ќе добиеме се трошки леб”, напиша Тунберг на Твитер.

Таа додаде дека може да се одржат многу состаноци, но дека нема да има неопходни активности се додека климатската криза не почне да се третира како вистинска криза.

Back to top button
Close