Тупанчески: Брзата промена на министри не сум сигурен дека претставува најдоброто решение

Не сум сигурен дека брзата промена на министри претставува најдоброто решение, меѓутоа дефинитивно се не зависи од Министерството за правда. Многу работи зависат од фактори коишто не се директно поврзани, за жал или за среќа, можеби со Министерството за правда, вели министерот за правда Никола Тупанчески.

Прашан за можната владина реконструкција со влез на Алијанса за Албанците во Владата, Тупанчески рече дека апсолутно не постои никаква оптовареност каков ќе биде развојот на настаните и дека дефинитивно се подготвени да одговорат на сите предизвици.

 

– Јас реков дека до последниот ден додека сме во Министерството за правда ќе го дадеме својот максимум. Не би сакал да го коментирам политичкиот или партискиот контекст, меѓутоа дефинитивно сме Министерство коешто и досега можеме да се пофалиме со остварените резултати. Меѓутоа, имаме и одредена замисла како да ги заокружиме претходните наши замисли во однос на реализација, подобрување на состојбите во нашата држава, изјави Тупанчески, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на Апелациониот суд во Штип.

Back to top button
Close