Тупанчески: ФФМ ме покани во Палермо, не се согласувам со писмената опомена од Грковска

Министерот за правда Никола Тупанчески, вечерва на ТВ21, во врска со спорното патување во Палермо, каде го следеше фудбалскиот натпревар меѓу Италија и Македонија, рече дека добил покана од Фудбалската федерација.

„На покана на ФФМ јас присуствував на натпреварот, но тоа што се нарекува аранжман подготвен и фактура испратена од Агенцијата која го организираше патувањето, е платено во временскиот рок кој е предвиден во фактурата“, рече Тупанчески, кому Владата вчера му испрати писмена опомена за прекршување на Етичкиот кодекс за државните функционери,

Министерот вели дека „не се согласува“ со опoмената, која дојде од вицепремиерката задолжена за добро владеење на функционерите и институциите, Славица Грковска.

„Не, не се согласувам, уште еднаш сум конзистентен на својот став дека нема повреда на норма“, вели Тупанчески за случајот.

Back to top button
Close