Тупанчески: Гласањето недоверба на Владата на Бугарија е нов момент, францускиот предлог да се разгледа внимателно

 Гласањето недоверба на Владата на Бугарија е нов момент, францускиот предлог да се разгледа внимателно, изјави вечерва министерот за правда Никола Тупанчески.

Зборувајќи во однос на гласањето недоверба на бугарската Влада, во вечерашното гостување на телевизија Алфа, Тупанчески рече дека е потребно да почекаме како ќе се развиваат работите.

– Факт е дека нашата држава се покажа кооперативна за постигнување на повисоки цели, меѓутоа факт е дека во неколку наврати изостана она што беше ветено, дали тоа ќе има поширока рефлексија, импликација во однос на  досегашните условно речено случувања што беа меѓу нашата држава и европските партнери и т.н, ќе видиме како ќе биде. Ова е нов момент, да почекаме како ќе се развиваат работите, информацијата само што беше пласирана дека е изгласана недовреба во Бугарија, да не ги врзуваме директно двата сегменти, едниот сегмент беше Преспанскиот договор, и ова е вториот сегмент, сето тоа е во постигнување на повисоки цели, изјави Тупанчевски.

Во однос на францускиот предлог, Тупанчески смета дека билатералните односи не би требало да станат дел од преговарачката рамка.

– Да не дозволиме да се направи грешка која во иднина не може да се корегира. Добро ќе биде, какво и да е решението, да го помине собранискиот филтер. Да не се влезе во некоја интрига, да не биде ова договор со ѓаволот. Треба да се пријде со сериозна доза на внимателност, порача Тупанчески

Back to top button
Close