Тупанчески: Институциите имаат механизми за испитување на потеклото на имотот

Министерот за правда се осврна и на реформите во правосудниот систем кои според него не може да се случат преку ноќ, но сепак се интензивирани и се очекуваат конкретни резултати
Министерот за правда Никола Тупанчески смета дека постојат начини и механизми како да се утврди потеклото на имотот.

„Идејата за нов Закон за потекло на имот никогаш не била најавувана од страна на министрите за правда во изминативе години, туку иницијално доаѓала од вицепремиерите за борба против корупцијата. Без оглед на статусот што го имате во општеството, секој треба да одговара според она што го направил. Не случајно го спомнав Кривичниот законик кој не е само за ЈО и за судот. Има и други институции кои што би требало да ја утврдуваат противправноста на имотот. Улога треба да има и Антикорупциска комисија. Кривичното дело 359а кое се однесува на противправно стекнување и прибавување имот предвидува казна затвор од најмалку 5 години затвор“,рече Тупанчески во вечерашната дебата на 24 Анализа во која гостуваше и членот на ДКСК Владимир Георгиев.
Министерот за правда се осврна и на реформите во правосудниот систем кои според него не може да се случат преку ноќ, но сепак се интензивирани и се очекуваат конкретни резултати.

„Република Северна Македонија се наоѓа на 63. место од 140 држави според ‘Индексот на владеење на правото’ на вашингтонската невладина организација ,,World Justice Project” што е за едно место подобро рангирана во споредба со минатата година кога бевме на 64 место“,потенцираше Тупанчески.

Back to top button
Close