Тупанчевски најави поместувања во правосудниот систем

Министерот за правда, Никола Тупанчевски во гостувањето во „Вин-Вин“ на Телма говореше за проблемите со кои се соочува правосудниот систем и најави одредени поместувања, а во однос на случајот со екс-судијата Владимир Панчевски, тој рече:

„Не коментирам судски одлуки, но сепак ова е одлука на Врховниот суд, кој се произнесува по одлуката на Апелацискиот суд. Генерално во нашата земја постои потреба од детектирање на ензогени фактори, дека состојбите треба да се детектираат, констатираат и да се реагира во отстранување на аномалии.  За месец и ден колку што сум на функцијата не сум направил одредени поместувања, но верувам дека со разбирање, трпение и можности ќе се дојде до она што се нарекува правда како што ја замислувам“, рече Тупанчевски.

 

Back to top button
Close