Тупанчевски: Нема ништо неетичко во моето патување во Палермо!

„И како професор по кривично право, категорично ќе одговорам дека не постои одговорност. Повторувам, моето патување за Палермо не беше во рамките на моите службени должности. Отфрлам дека има нешто неетичко, мене трошоците кои се поврзани со ова патување ми беа испорачани од агенцијата која го организираше патувањето, беше платено од мојата трансакциска сметка. Јас не сум сигурен дека комуникацијата со новинари треба да оди со доставување докази. Тој доказ постои, за трошоците, тоа практично ќе е дел од информацијата која ја побара Владата од мене“ – вели меѓудругото министерот за правда, Никола Тупанчевски во најновото издание на Трилинг.

Тупанчевски вели „дали јас сум патувал со буџетски средства – одговорот е не“.

„Ниту една одредба од етичкиот кодекс не е повредена. Како јас се најдов во авионот – има пишани и непишани правила, секогаш фудбалската репрезентација организира вакви патувања“ – вели Тупанчевски.

На прашање дали е неетички да седите заедно со виш обвинител и судија тој вели „не станува збор за злосторничко здружение во Палермо. 95% од луѓето што ги познавам се правници, мислите ли дека со тие луѓе не треба да пијам кафе. Во ваквиот тип на патување, овие луѓе ги видов во авион, средбата беше случајна. Триесет години продуцираме кадри во правосудството, луѓето кои се надвор од правниот сектор и не ги познавам. Воспоставувам контакти и со судии и со обвинители“.

„Јас сум еден од ретките министри кој одеше од Врховен суд, до судот во Велес, до судот во Кавадарци ги посетував судовите. Од прва рака ги дознавате проблемите“ смета Тупанчевски.

На информацијата на американската амбасадорка во земјава дека само 8% од граѓаните им веруваат на судиите и обвинителите, Тупанчевски вели:

„Има проблеми од системски карактер, мојот предизвик беше токму да го дадам моето искуство во поместување во состојбите кои не се на потребното ниво. Граѓаните бараат резултати“.

 

Back to top button
Close