Турчин возел 210 на автопатот кај Гевгелија каде е дозволено 120 километри на час

Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија изутрината во 06:48 часот на автопатот А1, кај село Милетково, Гевгелиско, го привеле турскиот државјанин К.Ј.(25), кој возел со брзина од 210 километри на час, соопштија денеска од СВР Струмица.

– При контрола на патниот сообраќај со радар полициските службеници констатирале дека К.Ј. управувал патничко возило „ауди“ со турски регистарски ознаки со брзина од 210 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час.  Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, се наведува во соопштението на СВР Струмица.

Против лицето е поднесена соодветна пријава

Back to top button
Close