Турција: Историјата нема да го заборави лицемерното однесување на ОАЕ

 Турското Министерство за надворешни работи денеска оцени дека историјата никогаш нема да заборави и да прости, за, како што велат, лицемерното однесување на Обединетите Арапски Емирати во постигнувањето договор со Израел за нормализирање на односите.

Во соопштението се посочува дека палестинскиот народ и администрација имаат право остро да реагираат против договорот, за кој се вели дека го менува редоследот на политиката на Блискиот исток од палестинско прашање во борба против Иран.

„Историјата и совеста на народот во регионот нема да го заборават и никогаш нема да го простат ова лицемерно однесување на ОАЕ, со кое ги предадоа палестинските ставови поради свои интереси“, се вели во соопштението.

Турција изрази загриженост поради можноста ОАЕ, со едностран потег, да се обидат да го урнат Арапскиот мировен план, постигнат во 2002 година, склопен од Арапската лига.

Back to top button
Close