Турција најостро го осуди нападот во Ница

Турција најостро го осуди нападот што се случи денеска во црквата Нотр Дам во францускиот град Ница.

Во соопштението од Министерството за надворешни работи се вели дека Турција чувствува солидарност со францускиот народ против насилството и тероризмот.

Во Франција, денеска се убиени три лица во терористички напад во Ница, од кои едното беше обезглавено, додека во друг инцидент, полицијата уби вооружен напаѓач кој им се закануваше на минувачите во Авињон. Исто така, во Саудиска Арабија беше избоден чуварот на францускиот конзулат.

Back to top button
Close