Турција останува безбедна туристичка дестинација: Побарувачката за аранжмани е висока, патувањата и летовите се одвиваат нормално
Министерството за култура и туризам на Република Турција и Агенцијата за промоција и развој на туризмот на државата (ТГА), информираат дека туристичките активности низ целата земја се одвиваат целосно нормално и вообичаено, а побарувачката за патувања во Турција останува на исклучително високо ниво.

И покрај засиленото медиумско известување за конфликтот во одредени делови од поширокиот регион на Блискиот Исток, факт е дека Турција е медитеранска земја и не е страна во овој конфликт. Нејзините водечки туристички дестинации, како што се Истанбул, Анталија, Бодрум, Измир, Кападокија, Егејскиот брег и Турската ривиера, кои се меѓу најпосетуваните во светот, продолжуваат сосема редовно и без прекин да пречекуваат гости од Европа, Северна Америка и од регионот Азија-Пацифик.
Неколку клучни факти кои се базираат на актуелната состојба од теренот потврдуваат дека туристичката индустрија во Турција функционира целосно непречено.
Прво, одморите во Турција се одвиваат како и обично, а сите туристички капацитети, како што се ресортите, хотелите, туристичките тури и воопшто сите искуства во главните туристички дестинации функционираат онака како што е планирано и во согласност со резервациите. Нема затворања, прекини или какви било владини ограничувања поврзани со туристичките активности во ниту еден дел од земјата.Исто така, сите летови кон и од турските аеродроми се реализираат според редовниот распоред. Нормално функционираат аеродромите во Истанбул, Анталија, Бодрум, Измир, како и сите останати големи меѓународни аеродроми. Ниту еден аеродром не е затворен, ниту, пак, постојат било какви ограничувања или пренасочувања на летови поради регионалните случувања, а авиокомпаниите што оперираат кон Турција не пријавиле ниту еден откажан лет поврзан со конфликтот.
И трето, но многу битно, е дека летната сезона 2026 во Турција е отворена за резервации, кон кои може да се пристапи со целосна доверба. Побарувачката за туристички аранжмани и резервации останува висока кај патниците кои имаат јасна претстава за географската положба на земјата. Министерството за култура и туризам на Турција и натаму ќе биде посветено на поддршка и комуникација со партнерите и со туристичкиот сектор, преку обезбедување податоци, изјави и дополнителни информации кога тоа ќе биде потребно






