Турција соопшти дека одбранбениот систем на НАТО пресретнал балистичка ракета лансирана од Иран
Турското Министерство за национална одбрана соопшти денеска дека балистичка ракета лансирана од иранска територија кон воздушниот простор на земјата била пресретната и уништена од одбранбениот систем на НАТО.

Според соопштението од министерството, делови од ракетата паднале во границите на градот Газиантеп.
Властите изјавија дека дополнителни информации ќе бидат објавени во текот на денот.
Тоа е втор таков инцицент во Турција во изминатите пет денови.






