Турција воведе задолжително носење маски на сите места, освен во домовите
Турција воведе задолжително носење маски на сите локации, освен во сопствените домови, по големиот пораст на бројот на заболени од коронавирусот.
Во соопштението од Министерството за внатрешни работи испратено до 81 провинција се вели дека „од граѓаните се бара да носат маски без исклучок, на сите места“, освен во сопствените домови.
Претходно, носењето маски беше задолжително во повеќето јавни простории, во продавниците и во јавниот превоз, но не и на работното место. Минатата недела Турција забрани социјални собири како што се забави, свадби и други видови прослави. Двојките кои сакаат да стапат во брак, мора да ја ограничат церемонијата на еден час.