Турист од Србија загина на плажата во Платамона

Две трагедии се случиле вчера во Грција, откако 54-годишен турист од Србија се удавил на плажата во Платамона, а се удавил и маж во Паљури.

Како што пренесува српски „Телеграф“, Србинот од морето бил извлечен без свест и засега не се познати причините за смртта. Телото е пренесено во Солун на обдукција.

Се претпоставува дека мажот доживеал срцев удар додека сè уште бил во вода. Сè се случило некаде околу 18 часот, а спасувачите веднаш се обиделе да му помогнат, го реанимирале, но веќе било доцна, пишуваат грчките медиуми.

Човекот со возило на Брза помош бил пренесен во најблиската болница, но лекарите можеле само да констатираат смрт.

Back to top button
Close