Туристи се качуваат по црквата „Св. Никола“ во Маврово, граѓаните бараат надлежните да реагираат

Големи реакции во јавноста предизвикаа фотографиите и видеата од потопената црква „Св. Никола“ во Маврово, на кои се гледа како група туристи се качуваат директно на објектот облечени во костими за капење, третирајќи го верскиот и културен споменик како реквизит за забава.

Граѓаните и локалното население преку социјалните мрежи упатија јавен апел до Општина Маврово и Ростуше, Националниот парк, МВР и Комуналната инспекција, барајќи итна контрола и санкции за сквернавењето на духовниот простор.

Граѓаните истакнуваат дека сите туристи се добредојдени, но бараат задолжително почитување на кодексот на однесување и верските чувства.

-Поради качувањето по градбата, постои реален ризик од дополнително физичко оштетување на и онака нарушениот црковен објект. Се бара од градоначалникот, полицијата и инспекциските служби итно да излезат на терен, да утврдат дали има материјална штета и да ги казни сторителите, велат загрижените граѓани.

Реакциите содржат и барање за поставување јасни правила, предупредувачки табли и редовни патфоли со цел заштита на култниот мавровски храм

Back to top button
Close