Туристичка агенција со понуда за бесплатен одмор за децата погодени од пожарот во Кочани

„Драги мои сограѓани од Кочани, ова е најмалку што можеме да дадеме за мојот град .

Мојата приказна ја имате слушнато, гласно ја раскажав пред многу години, без изгорена како бебе и цел живот се борев и психички и физички.

Милион операции поминав и искрено благодарам на господ што сум жива и сега можам да помогнам на други деца.

Ова го решивме со мојата мајка!!!!“ пишува на Фејсбук Марија Соколоска.

ВЕСНА ТУРС – СКОПЈЕ

Скопје, //2025

До СУПОРТ Кочани

Д-р Катерина Паник

Директор на Општа Болница – Кочани

 

ПРЕДМЕТ: Хуманитарна понуда за бесплатен одмор за децата погодени од пожарот во Кочани

 

Почитувана,

Ние, долупотпишаните Весна Филипова, основач на туристичката агенција „Весна Турс“ Скопје и Марија Соколоска, донесовме заедничка одлука да организираме хуманитарна акција во корист на децата кои беа најпогодени од пожарот во Кочани.

Весна Филипова, како мајка и родител на Марија Соколоска, која во минатото исто така поминала низ слична трагедија со изгореници, длабоко се сочувствува со родителите на овие деца. Токму поради тоа, таа одлучи да придонесе со овој гест, знаејќи дека на децата по претрпениот шок и траума им е потребна надеж, поддршка и позитивни искуства кои ќе им помогнат психички полесно да го надминат тешкиот период.

 

Со таа цел, „Весна Турс“ обезбедува бесплатно сместување за 20 деца во Аспровалта и Неа Врасна – Грција, во периодот 21.09.2025 – 28.09.2025.

👉 Понудата вклучува:

• Бесплатен превоз,

• Бесплатно сместување во апартмани и приватни куќи од категорија Б,

• Здравствено осигурување за целиот престој.

👉 Карактеристики на сместувањето:

• Студиа со 2, 3 и 4 кревети,

• Сопствен балкон, кујнска единица и тоалет,

• Локација на 50–150 метри од плажа.

👉 Храната и сите други дополнителни трошоци се на сметка на корисниците.

Веруваме дека оваа хуманитарна акција ќе донесе радост и надеж за подобро утре кај децата кои претрпеа голем стрес и загуба.

Со почит, Весна Филипова

Основач – Весна Турс Скопје

 

Марија Соколоска

 

Ве молам пријавете се во супорт и кај директорката на болницата. Пријавување до 10/09/2025

Ние сакаме од срце ова да го дадеме ❤️

Ве молам ❤️

Support Kocani

Back to top button
Close