Турнал скала на која бил работник на ЕВН, па со тврд предмет го нападнал другиот вработен

Полицијата во Шуто Оризари привела 47-годишен скопјанец по пријава дека нападнал двајца вработени во ЕВН Македонија додека извршувале службени задачи.

Од МВР информираат дека на 17 август околу 10:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г. (47) од Скопје.

Според пријавата, тој најпрво турнал скала на која се наоѓал еден од вработените во ЕВН Македонија, а потоа физички го нападнал и вториот вработен, при што употребил и тврд предмет.

Инцидентот се случил додека вработените извршувале службени дејствија на подрачјето на Шуто Оризари.

По целосното расчистување и документирање на случајот, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против 47-годишникот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Back to top button
Close