Турнирот во Доха без најдобрата светска тенисерска Барти

Светскиот рекет број 1 во женска конкуренција, Австралијката Ешли Барти, поради повреда на левата нога, се откажа од настап на ВТА турнирот од серијата 500, „Катар Опен“, што е на распоредот идната недела, објавија денеска организаторите.

Барти денеска загуби во второто коло на ВТА турнирот во Аделаида од Американката Даниела Колинс со 6:3, 6:4, а истегнувањето на мускулот на левата нога ја мачи уште од Австралија Опен, каде го заврши настапот во четвртфиналето.

-За жал, морам да го откажам настапот на Катар Тотал Опен поради повреда на левата нога, изјави Барти, изразувајќи надеж дека ќе се појави на турнирот идната година.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close