Турски државјанин заработи пријава: Го тепал вработениот во скопски хотел
Вработен во хотел на подрачјето на Бит Пазар во Скопје бил физички нападнат од гостин во објектот, информираше Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил во раните утрински часови, околу 03:00 часот, додека 45-годишниот И.В. од село Идризово бил на своето работно место. Според пријавата во СВР Скопје, него го нападнал 40-годишниот Е.Ј.Ч., државјанин на Република Турција.
Случајот е пријавен во полиција вчера попладне во 15:30 часот






