Туск предложи Тихановскаја да биде номинирана за Нобелова награда за мир
Европската унија да ги номинира Светлана Тихановскаја и нејзиниот сопруг Сергеј за Нобеловата награда за мир, предложи поранешниот претседател на Европскиот совет и поранешен полски премиер Доналд Туск.
„Верувам дека тоа ќе биде силен сигнал ако ЕУ ги номинира Светлана Тихановскаја и нејзиниот сопруг Сергеј, кој сè уште е во затвор,за Нобелова награда за мир“, напиша тој на својот профил на Твитер. На овој начин ќе се оддаде потребната почит на сите граѓани на Белорусија кои учествуваат во тоа мирно движење.
На претседателските избори на 9 август во Белорусија, Тихановскаја го зазеде второто место со 10,12 отсто од гласовите. Не согласувајќи се со резултатите, приврзаниците на опозициските кандидати започнаа масовни протести во земјата, што во првите денови доведе до судири со полицајците.