TВ 21-Директорката повикала полиција, вработени се бунтуваат, Скопје се гуши во ѓубре
Тензична ноќ во просториите на Скопска Комунална хигиена. Вработени трет ден одбиваат да работат и како што велат бојкотираат оти директорката Мазнева не им ги продолжила договорите на стотина за кои вели дека со години се неработници а дел од нив и воопшто не доаѓале со години на работа, ангажирани со договор преку партиски врски.
Вчера на прес таа порача дека нема да толерира партиски војници неработници и манипуланти и дека нема да им ги продолжи договорите на околу 200 од нив .
Дел од вработените се солидаризирале со тие на кои им престанале договорите и ги спречувале и другите работници од трета смена да излезат и да го соберат ѓубрето од цело Скопје кое два дена се гуши во смет.
Тв 21 синоќа објави дека директорката ноќеска повикала полиција во дирекцијата на Комунална Хигиена и вршела притисок врз работниците да престанат со бојкотот и да одат на терен да работат .
Видео на следниот линк:
https://fb.watch/lG7MADP-XT/?mibextid=Nif5oz