ТВ Алсат: Премиерот и партиите на Албанците со различни ставови за вработувањето (не)резиденти

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека балансерот како механизам за регулирање на правичната и соодветна застапеност на етничките заедници во државните институции треба да се заснова на бројот на резидентно население. Според него, се вршат вработувања на граѓани кои живеат во државава и по тој принцип треба да се уредува државната управна структура.

Но, коалиционите партнери на СДСМ се против ова. Од ДУИ оценуваат дека застапеноста се повикува на пописот исто како и во 2002 година, објави ТВ Алсат.

„Политиките утврдени во Уставот и Охридскиот договор се однесуваат на општото население во државата, исто како и по пописот во 2002 година кога Албанците беа 25,17% од вкупното население, исто и сега по минатогодишниот попис каде Албанците претставуваат 29,5% од вкупното население на земјата“, наведуваат од ДУИ.

 

 

Back to top button
Close