ТВ Клан открива: Силна струја е причината за давењето на Енис Халили од Тетово?

Силната морска струја што често се јавува на црногорското крајбрежје на Јадранското Море е причина за давењето на 21-годишниот тетовецот Енис Халили, објави „Клан Македонија“. Енис заминал да работи за време на летната сезона во туристичкото место Утјеха, на потегот меѓу Улцињ и Бар.

Соседот на Енис, Беким Рамадани, се повика на вестите од црногорските портали.

– Влегол во вода околу 17 часот и веројатно поради силни струи во водата се удавил. Сопственикот на објектот каде што бил вработен, им се јавил на родителите за да им каже дека изгубиле контакт со момчето. Подоцна спасувачките екипи успеале да го пронајдат и да го извадат мртвото тело околу 19 часот – изјави Рамадани за несреќниот случај од саботата.

Родителите на Енис заминале во Црна Гора за да го подигнат посмртните останки.

– Тоа е животот. Во потрага по подобра егзистенција, се случи трагедија на еден млад тетовец. Енис велеше дека ќе оди таму, дека ќе работи, дека многу ќе се труди за да си обезбеди подобар живот – вели Рамадани.

Back to top button
Close