Тв Телма: Градскиот воз во проблеми пред Лисиче – остана без електричен напон, па продолжи со доцнење од 40 минути


Први проблеми со градскиот воз. Возот кој вечерва во 20:12 часот тргна од станицата Зелениково кон Скопје, остана без напон пред станицата Лисиче и беше блокиран околу половина час на пругата. Возот не можеше да продолжи ниту напред, ниту назад, а според официјалните информации, причина била прекин во напојувањето со електрична енергија.

Според патници, возот тргнал и полека се движи, но претходно тие немале можност да се симнат, бидејќи возот се наоѓаше на непристапен терен, далеку од железничките станици. Последните информации се дека доводот на струја постепено се нормализира.

До Телма пристигнаа реакции од загрижени патници кои вечерва, наместо планираните 25 минути на патување кон Скопје, заглавија 40 минути и со големо задоцнување ќе пристигнат до крајната дестинација.

Back to top button
Close