TВ Тера (Видео) Се сруши ѕид на паркинг во Битола и оштети паркирани автомобили

Се сруши ѕид на објект на паркинг во Битола и оштети неколку паркирани автомобили.
Се работи за локацијата на паркинг просторот зад зградата ЈАТ. Полицијата е веќе на лице место, а локалните жители се вознемирени.
Се утврдуваат причините за настаните штети.

„Падна дел од ѕидот на нашето возило’. Полицијата направи записник. Колата веќе не се прави од што е оштетена. Ќе преземиме правни мерки”, рече битолчанецот Андреј Терзиевски, чие возило е оштено по падот на ѕидот.
„Ова е шок за нас. Го паркирате возилото исправно, а кога се враќате го наоѓате тотално уништено. Не е во ред. Треба начин да се најде да се обештети возилото“, рече Елеонора Терзиевска, оштетена во инцидентот.
Во инцидентот нема повредени, а причинета е само материјална штета. Екипи на СВР Битола извршија увид на местото на настанот, а обезбедени се и изјави на сопствениците на оштетените возила.
Според наводите кои ги објави битолскиот портал Алпа.мк, куќата што се урна е во сопственост на познати битолски бизнисмени од градот што работат и угостителство.






