ТВ24: Таткото на хоспитализираното девојче од Струмица бил пријавен за обид за

Таткото на четиригодишното девојче од Струмица кое со рани и скршени ребра заврши на скопските клиники, бил пријавен за обид за убиство, пренесува ТВ24 повикувајќи се на свои извори.

Од СВР Струмица тврдат дека досега нема ниту една пријава против таткото за семејно насилство.

Извори за ТВ 24 пак велат дека таткото на четиригодишното дете, во 2016-та бил пријавен за обид за убиство, бил дел од тешки кражби и одземање на моторни возила. Од Основното јавно обвинителство остануваат на ставот дека обезбедуваат податоци за статусот на таткото кој е на издржување затворска казна, дали му биле одобрувани викенд отсуства со цел да се види кој би можел да биде предизвикувач на повредите на девојчето.

Обвинителството наредило и увид и проверка на условите во куќата во кое живеело семејството. Истрагата треба да утврди како четиригодишното девојче е доведено во состојба на неухранетост, колку долго живеело со повредите и дали се последица од напад на куче како што првично кажала мајката.

Инаку, девојчето е во стабилна состојба, прима редовна терапија, а почнала  и самата да јаде. Што ќе се случува со нејзиниот третман понатаму, ќе одлучуваат хирурзите, велат од скопските клиники. Мајката на девојчето е исто на клиниката, но со неа работат социјални работници, а ќе треба да посетува и курсеви за мајчинство.

Четиригодишното девојче од Струмица, кое со инфицирани рани и скршени ребра заврши на детската клиника во Скопје е во стабилна сосотојба, прима редовна терапија, почнала сама да јаде, а за понатамошниот третман се очекува одлука од хирурзи-потврдува директорката Валентина Цвејоска Чолаковска, пренесува ТВ .

Со девојчето во болница е нејзината мајка со која работат социјални работници и ќе оди на курсеви за мајчинство.

Back to top button
Close