Твитер отстрани видео на Трамп поради ширење лажни информации за Ковид-19

  Твитер  отстрани видео на американскиот претседател Доналд Трамп поради ширење лажни информации за коронавирусот.

„Твитовите што го следат видеото ја нарушуваат нашата политика во врска со дезинформации за Ковид-19“, изјави портпарол на Твитер.

Портпаролот на Фејсбук изјави дека видеото синоќа е исто така повлечено од таа социјална мрежа.

„Ние го избришавме вашето видео затоа што споделува невистинити информации за лекови и третмани за Ковид-19“, објасни портпаролот на Фејсбук.

На ова видео се прикажани група лекари кои даваат погрешни и лажни тврдења за пандемијата. Според „Вашингтон пост“, повеќе од 14 милиони луѓе го гледале видеото на „Фејсбук“. Во видеото се вели дека маските не се неопходни за да се запре болеста.

Back to top button
Close