Твитер се огласи: Хакерите нападнале 130 налози и украле повеќе од 100.000 долари

Компанијата Твитер соопшти денеска дека за време на нападите на хакерите, на мета им биле околу 130 налози, меѓу кои биле профили на бројни познати личности и организации.

Според моментално достапните податоци, хакерите со овој напад успеале да соберат повеќе од 100.000 долари во криптовалути.

Хакерите пристапиле во внатрешните системи на Твитер како би дошле до налозите на познатите личности, меѓу кои и американскиот претседателски кандидат Џо Бајден, старлетата Ким Кардашијан, бившиот претседател Барак Обама, милионерот Елон Маск и многу други, за кои барале донација во дигиталната валута биткоин, пренесува Ројтерс.

Во соопштението на Твитер се наведува дека хакерите успеале да преземат контрола над мал број на таргетирани налози и од нив ги испратиле твитовите.

Back to top button
Close